Стабилна e состојба на работникот, кој се здоби со тешки повреди во лифт во штипски угостителски објект

Од:

Стабилна е состојбата на 56-годишниот маж кој вчера попладне се здоби со тешки телесни повреди во лифтот во угостителски објект во Штип.

Надлежните во Клиничка болница- Штип информираат дека е примен со скршеници на пршлените и е хоспитализиран на одделението за ортопедија во штипската Клиничка болница.

Неговиот колега, 71 годишниот пензиониран кувар им подлегна на повредите добиени при пад на лифтот, во кој биле работно ангажирани.

Во меѓувреме директорката на Државниот инспектор за труд, Весна Томовска изјави дека на лице место вчера е излезен трудов инспектор. Утврдено е дека двајцата работници не биле вработени, туку работно ангажирани во објектот. Починатиот бил кувар во пензија.

Посочува дека утре до инспекторатот треба да биде доставена документацијата за безбедност при работа во објектот. Од Обвинителството пак информираат дека се обезбедуваат докази за расчистување на настанот, а стручно лице ќе направи техничко вештачење на лифтот. Како дошло до трагедијата се уште нема официјални информации. Телото на починатото лице е дадено на обдукција.

Би можело да ве интересира

Градежен работник загина од струен удар додека работеше на фасада од куќа

А1он

(ВИДЕО) Загина руски генерал кој пред 20 дена доби титула „Херој на Русија“

А1он

(ВИДЕО) Загина уште еден руски генерал

А1он

Млад фудбалер загина синоќа во сообраќајна несреќа

А1он

Кошаркарскиот тренер Антонио Савески е возачот кој загина во несреќата на патот Охрид-Кичево

A1on

Во штипско Ново Село панихида за Тодор Александров, се одбележаа 102 години од неговото убиство