Тајната е откриена: Како се прават звуците на чудовишта во серијата The Last of Us

Од:

Објавени се снимките од актерите кои ги даваат гласовите на „кликерите“ (зомби чудовишта) во хит серијата „The Last of Us“ и брзо станаа вирални. Кога беше откриено дека актерите ги создаваат звуците на зомби чудовиштата во серијата, луѓето се воодушевија бидејќи многумина мислеа дека звуците се создадени со помош на технологија.

Штом серијата почна да се емитува на HBO Max, гледачите беа воодушевени, особено без одушевени од чудовиштата. Креаторите најавија дека во втората сезона може да има повеќе различни чудовишта. Ова е видео од зад сцената кое покажува како се создаваат звуците.

Првата сезона од серијата заврши минатиот викенд по девет епизоди, а гледачите се задоволни од работата на креаторите. Инаку, серијата е базирана на истоимената видео игра.

Серијата на HBO го собори и сопствениот рекорд на гледаност. Финалето на серијата го погледнале 8,2 милиони луѓе, а резултатот е уште поимпресивен ако се земе предвид дека беше објавен за време на телевизиското емитување на овогодинешните Оскари. Со ова серијата речиси го удвои бројот на гледачи на премиерната епизода која ја погледнале 4,7 милиони луѓе.

Би можело да ве интересира

Серијата „Нов изглед“ го оживува соперништвото меѓу Коко Шанел и Кристијан Диор

А1он

ВИДЕО: Најпопуларна серија на Нетфликс-64 милиони луѓе ја гледаа новата сезона

ВИДЕО: Објавен датумот на премиерата на продолжението на La Casa de Papel

ВИДЕО: Жестоко пукање при снимање на американска серија во Пула, луѓе во паника бегаат од кафулињата

А1он

Серијата „Преспав“ ќе се емитува во Бугарија

Ана Ололовска

ВИДЕО: Прв поглед на серијата „На терапија“

Ана Ололовска