Стартува мултимедијалниот фестивал „PRESPALAND 2021!“

Од:

Во Преспа денеска ќе започне првиот мултимедијален фестивал посветен на овој регион, на традицијата и историјата- PRESPALAND 2021.

Во јули, август и септември, во рамки на фестивалот ќе се одржуваат едукативни работилници, спортски активности, традиционални и вкусни локални приказни, музички настапи, а ќе има и многу сценски изведби, како и изложби.

– За овој период, во континуитет со 11 настани ќе посетиме 6 села, ќе поминеме 200 километри во природа и ќе разубавиме 11 локации, соопштија од тимот на PRESPALAND .

Со денешното отворање на мултимедијалниот фестивал се одбележува и првиот час по македонски јазик што се одржал во старото училиште „Димитар Влахов“, во село Љубојно.

На таа локација, од 18:00 часот денеска посетителите ќе имаат можност да ги вкусат традиционалните, преспански рецепти. На настанот ќе настапат музичката група Перија и виртуозот на канон и саз, Џенгиз Ибрахим, а посетителите ќе уживаат и во читателите на поезија- Елена Пренџова, Игор Трпчески-Трпе, Марија Грубор и Горазд Китаноски-Кени од Поетри слем Македонија.

Утре на плажата Сливница (Конект Бар), со почеток од 20:30 часот, свои концерти ќе имаат дуото Дац и Александар и македонскиот романтичар Владо Јаневски.

Би можело да ве интересира

Серија земјотреси го тресат преспанскиот регион

А1он

Силен земјотрес ноќеска ги вознемири граѓаните на Преспа

Орце Костов

Поради реконструкција на дистрибутивната мрежа, Ресен и Преспа утре 10 часа без струја

Локализиран пожарот во националниот парк „Преспа“

А1он

Голем пожар во националниот парк „Преспа“ кај Пустец

А1он

Македонски филмови, Љубојна и Слаткаристика овој викенд на „Преспаленд”

Ана Ололовска