Ретроспективна изложба на карикатури од Делчо Михајлов

Од:

Во Музеј на Град Скопје вечер ќе биде отворена ретроспективна изложба на карикатури од Делчо Михајлов (1947–2010), еден од најреномираните македонски карикатуристи. Со изложбата ќе бидат одбележени 50 години од објавувањето на неговата прва карикатура.

dobivaj vesti na viber

Ќе бидат изложени педесетина карикатури од речиси сите фази на неговото творештво работени во техниките во кои Михајлов најчесто се изразувал – туш и акварел на хартија.

– Карикатурите на Михајлов се некоја „порака во шише“, некој изразен концепт, одреден вредносен модел, некаков однос со светот кој е пуштен или е фрлен во непредвидливите струи на идните времиња. Тие се и некаква наша надеж дека тој збир од вредности на идните генерации ќе може да им пренесе доволно поттик за  пронаоѓање на натамошни патишта темелени на комичкиот израз. Овие карикатури се сведоштво за остварливоста на идејата за креативноста во сферата на масовното, соопшти организаторот на изложбата.

Михајлов редовно објавувал карикатури од 1963 година, а од 1970-тите ги публикувал во различни дневни весници и списанија во земјата и во странство.  Од 1973 учествувал на над 250 конкурси, изложби и фестивали на карикатурата (Париз, Монтреал, Токио, Рим, Рио де Жанеиро, Франкфурт, Техеран, Отава …) каде што освоил и значајни награди.

karikaturi-Delco1

Дипломирал во 1974 на Архитектонскиот факултет во Скопје, работел во  „Нова Македонија“, „Остен“, во студиото за анимиран филм во „Вардар филм“, во одделот за маркетинг при „Металски завод Тито“, а  од 1993 година имаше статус на слободен уметник. Од 1995 до 2000 беше  директор на Интернационалниот фестивал на филмската камера „Браќа Манаки“ во Битола, а во 2008-2009 го водеше самостојниот проект „Анте портас“, презентиран во Музејот на град Скопје и во седиштето на ЕУ во Брисел.

Изработол шест краткометражни анимирани филмови и графички дизајнирал и илустрирал книги.  Бил меѓу иницијаторите за прием на македонските аниматори во Меѓународната аниматорска асоцијација  АСИФА.

Неколку негови карикатури се во колекциите на музеите на карикатурата во Толентино (Италија), Монтреал (Канада) и во Измир (Турција).

Во 1994 му е доделена највисоката награда на Република Македонија „11 Октомври“ за 30 години творештво во областа на карикатурата.

Би можело да ве интересира

Во галеријата „Остен“ 53-та светска галерија на карикатури

Ана Ололовска

Изложбата на карикатури на тема Ковид-19 во Делчево

А1он

Карикатуристот Крстевски на меѓународна изложба во Берлин

А1он

Објавен конкурсот за карикатура на Фестивалот за хумор и сатира „Ин Виница веритас“

А1он

Битолскиот карикатурист Блаже Докуле награден во Сеул

Ана Ололовска

Објавен конкурсот за 21. Меѓународен фестивал на карикатура и афоризам

Ана Ололовска