Карикатуристот Крстевски на меѓународна изложба во Берлин

Од:

На меѓународната изложба на современа ликовна уметност, насловена „You are not alone“ (Не си сам) што се одржува од 3 до 13 септември во Берлин, Германија, со свое дело учествува и македонскиот уметник, карикатуристот Златко Крстевски.

Изложбата е тематска и ја отсликува глобалната отуѓеност, поради изолацијата наметната од владите во текот на пандемијата на Ковид-19, и не поради опасноста од вирусот. Тука е опасноста за физичкото и менталното здравје, но и потребата да се знае дека никој не е сам, препуштен на себе си. Сите се во истата опасност, па се потребни заедништвото и солидарноста.

Куратори на изложбата се Хуман Ал Салим и Пол Кравфорд. Поставката е со мултидисциплиниран пристап. На изложбата се претставени слики, инсталации, објекти, видеоарт, сулптури. Се презентираат дела од 180 уметници од целиот свет.

Би можело да ве интересира

Во галеријата „Остен“ 53-та светска галерија на карикатури

Ана Ололовска

Изложбата на карикатури на тема Ковид-19 во Делчево

А1он

Објавен конкурсот за карикатура на Фестивалот за хумор и сатира „Ин Виница веритас“

А1он

Битолскиот карикатурист Блаже Докуле награден во Сеул

Ана Ололовска

Објавен конкурсот за 21. Меѓународен фестивал на карикатура и афоризам

Ана Ололовска

Карикатура во „Ла Република“: Жените со препреки, а мажите лесно во кариерата