Во галеријата „Остен“ 53-та светска галерија на карикатури

Од:

Во галеријата „Остен“ во Скопје денеска ќе биде отворена 53-та светска галерија на карикатури, при што посетителите ќе можат да ги погледнат номинираните и наградени карикатури во рамки на проектот „ЕУ – Работа во тек“ организиран од Гете-институт Скопје.

dobivaj vesti na viber

Од тимот на Гете-институт најавија дека на изложбата ќе бидат изложени карикатури од 32 селектирани и наградени карикатуристи.

На наградените ќе им бидат врачени наградите, па по овој повод, во Скопје се дојдени и карикатуристи од Белгија, Израел, Хрватска, Србија.

Во рамките на активностите организирани од Гете-институтот и галеријата „Остен“, од 2 до 4 ноември се одржува тридневна работилница за млади карикатуристи од регионот, а предавач ќе биде Лук Десхимакер од Белгија.

Во четврток во ЕУ-инфоцентарот во Скопје ќе биде одржана панел дискусија на тема „Надежи и стравови за пристап до ЕУ – преку острото око на карикатуристот“. Модератор на панел дискусијата ќе биде Корнелија Конеска од галеријата „Остен“.

Би можело да ве интересира

Изложбата на карикатури на тема Ковид-19 во Делчево

А1он

Карикатуристот Крстевски на меѓународна изложба во Берлин

А1он

Објавен конкурсот за карикатура на Фестивалот за хумор и сатира „Ин Виница веритас“

А1он

Доделени наградите на „Остен биенале на цртеж – Скопје 2020“

Трета изложба на Остен по повод 75 години од постоењето

Ана Ололовска

„Остен“ одбележува 75 години со две изложби од 1 до 10 октомври

Ана Ололовска