Објавен конкурсот за 21. Меѓународен фестивал на карикатура и афоризам

Од:

Центарот за култура од Струмица го објави конкурсот за 21 Меѓународен фестивал на карикатура и афоризам „Струмица 2020“, кој се одржува во рамки на Интернационалниот Струмички карневал на тема „карневал-еротика“.

Според пропозициите на конкурсот за афоризам, секој автор може да учествува најмногу со десет афоризми отпечатени во три примероци со шифра и со податоци за авторот во затворен плик. Учесниците можат да учествуваат со повеќе трудови од десет афоризми со шифра за секој труд.

Во категоријата карикатура секој автор може да учествува најмногу со три карикатури работени во техника по избор на авторот, со димензии А4, а на секоја кариктура треба да има податоци за авторот на задната страница.

Афористичарите и карикатуристите своите дела треба да ги испратат најдоцна до 14 февруари 2020 година, а жири комисијата ќе додели златна, сребрена и бронзена плакета со право на жирито да одреди дополнителен број награди.

Наградите ќе бидат доделени на 2 март 2020, Чист понеделник, кога ќе биде организирана изложба и презентација на наградените дела.

Би можело да ве интересира

Во галеријата „Остен“ 53-та светска галерија на карикатури

Ана Ололовска

Изложбата на карикатури на тема Ковид-19 во Делчево

А1он

Карикатуристот Крстевски на меѓународна изложба во Берлин

А1он

Објавен конкурсот за карикатура на Фестивалот за хумор и сатира „Ин Виница веритас“

А1он

Вечер на македонскиот афоризам по деветти пат во Кочани

Ана Ололовска

Битолскиот карикатурист Блаже Докуле награден во Сеул

Ана Ололовска