„Реквием за љубовта“ од Зоран Пејковски објавена на полски јазик

Од:

Книгата „Реквием за љубовта“ на битолчанецот Зоран Пејковски преведена е и објавена на полски јазик. Минатата година во Полска книгата е одиграна во театарска претстава и наградена за најдобар драмски текст, а неодамна текстот е публикуван на полски јазик.

-Моите драмски текстови се преведени на 30 јазици, а најголем дел од нив се одиграни во драмски претстави. Книгата „Реквием за љубовта“ лани во септември беше наградена за најдобар драмски текст и очекувано беше текстот да биде публикуван во книга на полски јазик, изјави за МИА драматургот Пејковски.

Драмата во стих „Реквием за љубовта“ е битолска еврејска приказна пишувана по повод 75-годишнината од холокаустот врз македонските Евреи и, освен на полски јазик, преведена е и на романски, еврејски и англиски јазик.

Би можело да ве интересира

„Цепај сине“, купи книга и биди хуман: Ѕоф и „Арс Ламина“ во нова хуманитарна акција

Онлајн-промоција на „Почитувани бубачки и други морничави приказни“од Маша Колановиќ

Кристина Краличин добитник на првата награда на конкурсот „Il Parnaso – Premio Angelo La Vecchia”

Објавена книгата за деца и млади „Диносаурус“ од Аевар Тор Бенедиктсон

Нова книга со раскази „Деконструкција на празнината“ од Даниела Андоновска-Трајковска

Промоција на монографијата „Чашуле: Приказнувачот“ на Ана Стојаноска на фестивалот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп

Ана Ололовска