Распишан Меѓународниот конкурс за карикатура во пресрет на фестивалот „Ин Виница Веритас“

Од:

Во пресрет на претстојниот седми Меѓународен фестивал на хумор и сатира „Ин Виница Веритас“, Домот на културата  „Тошо Арсов“ во Виница го распиша  Меѓународниот конкурс за карикатура на тема „Светот е мал“.

Според условите на конкурсот, еден автор може да учествува со најмногу три карикатури, кои можат да се достават електронски. Големината на карикатурите треба да биде А 4 формат, во боја или  црно-бели.

Како што информира директорот на Домот на културата Славко Данев, наградите  ќе бидат во вредност од 300, 200 и 100 евра. Конкурсот трае до 2 октомври, а прогласувањето на најдобрите ќе биде на отворањето на Фестивалот кој ќе се одржи од 19-23 октомври.

Жирито кое ќе одлучува за изборот на карикатурите ќе биде во интернационален состав: Саша Димитриевиќ (карикатурист од Србија, Ивајло Цветков (Бугарија) и Блаже Докуле од Македонија.

За ова издание на Фестивалот се најавува богата програма со звучни актерски имиња, работилници со карикатури и промоција на нови дела од познати афористичари.

Би можело да ве интересира

Во галеријата „Остен“ 53-та светска галерија на карикатури

Ана Ололовска

Изложбата на карикатури на тема Ковид-19 во Делчево

А1он

Карикатуристот Крстевски на меѓународна изложба во Берлин

А1он

Објавен конкурсот за карикатура на Фестивалот за хумор и сатира „Ин Виница веритас“

А1он

Битолскиот карикатурист Блаже Докуле награден во Сеул

Ана Ололовска

Објавен конкурсот за 21. Меѓународен фестивал на карикатура и афоризам

Ана Ололовска