Промовирана „Годините кога научив да летам“ од Евгениј Хоуп

Од:

Во четвртокот во Клуб Матица на Булеварот на книгите беше промовирана новата книга на Евгениј Хоуп насловена „Годините кога научив да летам“. Книгата е симбол на неговите 30.000 изминати километри автостоп низ Европа. Секоја копија која беше достапна во Клуб Матица за време на промоцијата беше распродадена.

Инспириран од животот на авторот, книгата Годините кога научив да летам, ќе ве одведе подалеку од вашите очекувања, ќе ве нурне во светот на талкачи, трагачи и номади, ќе ве спроведе на себеспознавачки координати и ќе ви дошепне колку е важно да се следиме себеси.

Во книгата дваесет и петгодишниот Михаил се впушта во една животоменлива потрага, која започнува откако на едно од неговите автостоп патувања ја запознава глувонемата Алма Свенсон. На последниот ден од нивниот заеднички престој, девојката исчезнува, како никогаш и да не постоела. Барањето на нејзиното присуство завршува со наоѓање на едно книжуле со неколку скинати страници, посветено на некаков утопистички остров.

Сите во себе носиме свој талкач, трагач, номад, авантурист. Спознајте се себеси со „Годините кога научив да летам“ во сите продажни места на Матица.

Би можело да ве интересира

„Цепај сине“, купи книга и биди хуман: Ѕоф и „Арс Ламина“ во нова хуманитарна акција

Онлајн-промоција на „Почитувани бубачки и други морничави приказни“од Маша Колановиќ

Кристина Краличин добитник на првата награда на конкурсот „Il Parnaso – Premio Angelo La Vecchia”

Објавена книгата за деца и млади „Диносаурус“ од Аевар Тор Бенедиктсон

Нова книга со раскази „Деконструкција на празнината“ од Даниела Андоновска-Трајковска

Промоција на книгата „Витаминот Д и респираторното здравје“ од Татјана Јаќовска и Весна Мицевска

Ана Ололовска