Отворени Научно – културните средби „Десет дена Крушевска Република“

Од:

Синоќа, пред полноќ, на Гумење во Крушево беа отворени Научно – културните средби „Десет дена Крушевска Република“.

На отворањето градоначалникот на Крушево Ѓорѓи Дамчески рече дека Илинден е ѕвезда водилка и непресушен извор на многу генерации за тоа како треба човек да сака, да се бори и да умре за родната грутка.

– Идеите на Илинден никогаш не умирааат, зашто извираат од пролеаната крв на најдобрите македонски синови и во своите темели ги имаат коските на безброј знајни и незнајни македонски чеда, рече Дамчески пред бројните крушевчани и гости на Гумење.

Според него, манифестот на Крушевската Република претставува вонвременска рамка и универзална порака за прифаќање на цивилизациските вредности-слобода, рамноправност, толеранција, соживот кои Македонецот ги има во својот ген.

– Десетте слободни дена од првиот Илинден ги втемелија столбовите на денешната современа македонска држава-независна суверена Република Македонија. Овие определби се недвојбено прифатени од вториот Илинден – АСНОМ 1944 година и третиот Илинден потврден на референдумот за независниот од 8-ми септември 1991 година, истакна Дамчески.

Тој изрази надеж дека заеднички ќе придонесеме Крушево економски да заживее, зашто, како што рекол претседателот на Крушевската Република Никола Карев, не се кренавме за да се предадеме.

Потпретседателот на Научно-културните средби „Десет дена Крушевска Република“ Манолиј Јаковлевски ги поздрави присутните од, како што рече, изворот на македонскиот непокор каде пред 110 години почна испишувањето на новите страници на македонската историја.

– Формирањето на Крушевската Република е аманет кој не обврзува никогаш да не заборавиме кои сме и што сме и од каде сме, аманет за нашето македонско постоење. Илинденското востание што го организираше ВМРО претставува гласна македонска декларација за слобода, за рамноправност, за демократија. Таа порака далеку пред своето време сосема разбирливо длабоко се врежа во свеста на македонскиот народ, трајно определувајќи го не само неговиот судбински избор, туку и неговата иднина, рече Јаковлевски.

Иако со Букурешкиот договор од 10 август 1913 година, Македонија беше поделена, остварувањето на Илинденскиот идеал за национално ослободување и за своја држава, за македонскиот народ, како што истакна, беше и остана само прашање на време.

Би можело да ве интересира

Уапсен 73-годишен маж од Крушево – дома му нашле дрога, оружје и пари

Скопјани имаат најголеми, а жителите на Крушево најмали можности за здравствена заштита

Катерина Ѓуровски

Загинатите кај Крушево се од едно семејство – мајка и дете починаа, таткото и две деца повредени

СДСМ: Зечевиќ со млади социјалдемократи на коњички марш во Крушево

Солистички концерт на пијанистката Даница Стојанов во Крушево

Горан Наумовски

Извлечен брачен пар кој со возило заглавил во снежните наноси во крушевско

Катерина Ѓуровски