Објавен романот „Жонглирање со животот во слободен пад“ на Сара Трајковска

Од:

Издавачката куќа „Дијалог“ од Скопје го објави романот „Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска.

Делото, според издавачот, претставува своевидна космолошка и онтолошка студија за светот и битието.

– Станува збор за прозно дело во кое преовладуваат модернистичките, филозофски и психолошки мисли со кои преку изострената перцепција е прикажана моќта на човечкото суштество да го осознае, разбере, подобри универзумот во себе и надвор од себе, настаните, процесите и причинско-последичните односи. Да го оприсутни постоењето на невидливото, на далечното, а кое е основа на се и во се. Раскажувачот, нараторот е во прво лице еднина, претставен како сезнаечки и сеприсутен. Ликовите кои се носители на идеите се специфични и типизирани апстрактни поими, судбината, љубовта, среќата, радоста, болката. Идеалистичко и реалистичко жонглирање со животот во хаосот и хармонијата на светот, велат од издавачката куќа „Дијалог“.

Сара Трајковска е дипломиран новинар и магистер по менаџмент на човечки ресурси. Романот „Жонглирање со животот во слободен пад“ е нејзино дебитантско остварување на планот на литературата.

Би можело да ве интересира

„Цепај сине“, купи книга и биди хуман: Ѕоф и „Арс Ламина“ во нова хуманитарна акција

Онлајн-промоција на „Почитувани бубачки и други морничави приказни“од Маша Колановиќ

Кристина Краличин добитник на првата награда на конкурсот „Il Parnaso – Premio Angelo La Vecchia”

Објавена книгата за деца и млади „Диносаурус“ од Аевар Тор Бенедиктсон

Нова книга со раскази „Деконструкција на празнината“ од Даниела Андоновска-Трајковска

Промоција на книгата „Витаминот Д и респираторното здравје“ од Татјана Јаќовска и Весна Мицевска

Ана Ололовска