Нокаут ќе бидат главната атракција на годинешното „Бело Лето“ во Охрид

Од:

Една од најпознатите македонски групи „Нокаут“ ќе биде главната атракција на годинешната манифестација „Бело Лето“ во Охрид со која симболично ќе се отвори летната туристичка сезона. Манифестацијата планирано е да започне на 4 јули со презентација на занаетите на Охрид, на малиот плоштад каде ќе се презентира традиционалното занаетчиство на градот со што сите посетители ќе имаат можност на лице место да се уверат во изработките на занаетчиите од градот.

Главниот настан на манифестацијата ќе биде концертот на групата „Нокаут“ кој исто така ќе се одржи на 4 јули во петок со почеток во 21 часот на Градскиот плоштад во Охрид.

Како главна музичка атракција на манифестацијата „Бело Лето“ ќе биде групата „Нокаут“. Имено оваа година планираме да биде поканет и еден DJ кој ќе ги загрее посетителите, а потоа „Нокаут“ со целовечерен концерт ќе имаат можност да ги забавуваат охриѓани. За време на манифестацијата ќе има попуст во одредени угостителски објекти во нашиот град, со што ќе се понуди уште една атрактивност во туристичката понуда. Исто така во петок, угостителските објекти ќе работат со неограничено работно време – истакна Ѓоко Апостолов, од секторот ТЛЕР во Општина Охрид.

Манифестацијата „Бело Лето“ веќе втора година се одржува во Охрид, а со тоа симболично се најавува почетокот на летната туристичка сезона.

Би можело да ве интересира

Приведен охриѓанец, го фотографирал гласачкото ливче

Катерина Ѓуровски

Работнички од Непал му избегале на газдата од Охрид, случајот пријавен во полиција

Орце Костов

(ВИДЕО) Пожар во охридската кафеана „Беко“

Горан Наумовски

Ванковска: Сосема нов Устав, затоа што постоечкиот е неупотреблив – дели наместо да сплотува

А1он

Левица од Охрид: Тука Нефи го рушеше АСНОМ додека Пецаков молчи

Орце Костов

Костадиновска-Стојчевска: Ги исполнуваме препораките на УНЕСКО и заеднички овозможуваме трајна заштита на Охридскиот регион