Намален број на културни настани во Куманово

Од:

И годинава традиционално во Куманово ќе се одржи Кумановско културно лето, но со видливо намален број на настани. И покрај зголемениот буџет, кој изнесува 12.000.000 денари, Советот одлучил да се намалат случувањата, во однос на претходните години.

Според директорот на Фондацијата за култура и спорт при Општина Куманово, Нино Величковски бројот на настаните е намален, поради малата заинтересираност на граѓаните.

-Пред неколку години во рамките на културно лето имавме 47 програми, што значеше дена секој ден се одржува нешто, но настана проблем бидејќи немавме доволен број на публика. За театарски претстави и музички случување мора да се вложат пари, но без доволен број на публика, сето тоа пропаѓа – изјави Величковски, кој додаде дека доколку има повеќе средства, ќе организираат и поголем број културни настани.

Тој истакна и дека Општина Куманово најмногу е фокусирана на големи проекти, како формирање театарска работнилница, младински хор и тамбурашко училиште, со цел во иднина да се создаде локален подмладок.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Реномирани музичари, книжевници и актери се дел од програмата на „Видик“ – нов фестивал за литература и општа култура

Во Штип Фестивал на уметноста „Ликовна визија“

ЈОРСМ: Дадена наредба за обдукција на починатиот притвореник од Затвор Куманово

Шопен под отворено небо со Дино Имери

Сообраќајка на автопатот „Пријателство“ – удрил во паркирани автомобил и камион

Анита Петровска Рајковиќ

Работниците контра министерката за култура: Зголемувањето на платите е два, а не 12 отсто

Орце Костов