На „БитФест“ изложба на фотографии за Шумен и концерти на музичари од Италија и Бугарија

Од:

Музичари професионалци од Италија и Бугарија и изложба за стариот Шумен вечер ќе ја заокружат првата третина од битолското културно лето „БитФест“.

Во културниот центар „Магаза“ целовечерен концерт со амбиентална музика ќе приредат „Xarundo World Music“ од Италија, а во концертната сала на битолскиот музеј ќе настапи Димитар Христов од Бугарија.

Во изложбениот центар „Магаза“, пак, ќе биде отворена изложбата „Спомени од стариот Шумен“.

Според програмата на „БитФест“, на плоштадот „Магнолија“ продолжува отворениот саем на книгата, во хотелот „Молика“ на Пелистер продолжува меѓународната сликарска колонија „Нижо Поле 2014“, а во 18 часот во комплексот „Пацио“ ќе биде приреден перформанс „Моја инспирација – везиме поезија-мезиме трашец, орано, лозено, полнеж…“.

Би можело да ве интересира

Директор на ЈП „Пазари“ Битола склучил јавна набавка со фирма избришана од Централен регистар

А1он

Отворање на изложбата „Денис Боувен“ во МКЦ по повод Светскиот ден на уметноста

Предраг Петровиќ

Претреси во Битола, приведени двајца дилери, пронајдена дрога

А1он

Во Музеј галерија Кавадарци изложба на дела од ликовниот уметник Новица Трајковски

Во Струмица изложба „10 до 12“ на Костадин Батев

Се отвора изложбата „Координати на еден сон: 60 години проектирање современост МСУ СКОПЈЕ 1964 – 2024“