Во Струмица изложба „10 до 12“ на Костадин Батев

Од:

Здружението за развој на културата и заштита на културното наследство „Контекст-Струмица“ во соработка со кафе бар „Нагоре“, како дел од неформалниот тековен концепт-проект „Ѕид на ументоста“, вечер ќе ја отворат изложбата на дела мал формат насловена „10 во 12“ на ликовниот уметник Костадин Батев.

-Во овој избор насловен „10 во 12“ ќе видиме 12 дела изработени во мал формат изминативе 10 години. Тие претставуваат своевиден пресек на една декада творење на Костадин Батев и претставуваат целина од неколку засебни минијатури, графики и акварели кои коегзистираат и како засебни единки и како целина. Костадин Батев е познат на струмичката публика, неговото творештво е веќе дел од колективната меморија на струмичките колекционери и љубители на уметноста. Тој како учесник на Меѓународната ликовната колонија и со своја самостојна изложба веќе ги има претставувано своите сликарските светогледи пред своите сограѓани, стои во информацијата од организаторите.

Костадин Батев е роден 1979 година во Струмица. Средно училиште завршил во УПУ „Лазар Личеновски“ – Скопје во 1997 година, а во 2004-та година дипломира на ФЛУ, отсек сликарство со графички дизајн во класата на професор Вело Ташовски. Член на ДЛУС е од 2000 година, а зад себе има шест самостојни изложби и голем број групни изложби и учества на ликовни колонии

Би можело да ве интересира

Отворање на изложбата „Денис Боувен“ во МКЦ по повод Светскиот ден на уметноста

Предраг Петровиќ

Во Музеј галерија Кавадарци изложба на дела од ликовниот уметник Новица Трајковски

Се отвора изложбата „Координати на еден сон: 60 години проектирање современост МСУ СКОПЈЕ 1964 – 2024“

Во Кавадарци отворена изложбата на скулптури „За послушноста”

Изложба на академскиот сликар Валентина Поцеска во “Галерија Метаноја“

Отворање на изложба „Кобалт Синергија“ во МКЦ

Горан Наумовски