Во Музеј галерија Кавадарци изложба на дела од ликовниот уметник Новица Трајковски

Од:

Големото будење”, е насловена изложбата на дела од ликовниот уметник Новица Трајковски, што синоќа беше отворена во Музеј галеријата во Кавадарци.

За овој циклус од творештвото на Трајковски, говореше Елизабета Ристова, кустос во музејот. Таа нагласи дека станува збор за брилијантен уметник.

„Големото будење”, рече, не е само колекција на слики, тоа е симфонија на емоции, одраз на човечкото искуство во сите свои сурови убавини и искуства.

– Во присуство на делата на Новица Трајковски, ние не сме само гледачи, ние сме учесници во танцот на светлина и сенка, на страст и очај, подвлече Ристова.

Ликовниот уметник, Владимир Темков рече дека Кавадарци како расадник на таленти и со изложби и негување на уметноста на големите уметници, ја има водечката улога во развојот на македонската ликовна уметност.

Трајковски појасни дека станува збор за дела работени оваа година. – Секоја слика си има своја порака, своја приказна, свое значење, рече авторот.

Пред присутните се обрати и директорот на Музејот, Јаким Зимоски.

Би можело да ве интересира

Отворање на изложбата „Денис Боувен“ во МКЦ по повод Светскиот ден на уметноста

Предраг Петровиќ

Во Струмица изложба „10 до 12“ на Костадин Батев

Се отвора изложбата „Координати на еден сон: 60 години проектирање современост МСУ СКОПЈЕ 1964 – 2024“

Во Кавадарци отворена изложбата на скулптури „За послушноста”

Изложба на академскиот сликар Валентина Поцеска во “Галерија Метаноја“

Отворање на изложба „Кобалт Синергија“ во МКЦ

Горан Наумовски