Кумановскиот музеј одбележа 50 години постоење

Од:

Со свечена седница на која присуствуваше заменик-министерот за култура Драган Недељковиќ, претставници од локалната самоуправа, сегашни и поранешни вработени, Музејот од Куманово денеска одбележа пет децении постоење.

На седницата беше истакнато дека иницијативата за формиарњето на Музејот потекнува од 1964 година, а на формирањето на Музејот му претходело формирање на Уметничката галерија.

Навраќајќи се во минатото, директорката на Мзуејот Анита Цветановска истакна дека со растот на музејот и со зголемувањето на бројот на вработени, се работи и на  нови  археолошки локалитети, се организираат бројни изложби од областа на археологијата, народната уметност, керамика, накит, градска мода, занаетчиство…

– Може да се констатира дека установата функционира пет децении, одбележувајќи исклучително значајни успеси од археологијата, етнологијата, историјата, историјата на уметноста. Сето ова е потврдено со многубројните проекти за кои имаме признанија награди и плакети. Нам особена ни е значајна и поддршката на Министертвото за култура, рече Цветановска.

Заменик-министерот за култура Драган Недељковиќ истакна дека остварувајќи ја својата основна задача –  да собира, средува и стручно и научно да обработува и презентира музејски материјали, музејот како научна институција има исклучителен придонес за градот и за целата земја.

– Фондот од над 7.000 музесјски експонати од областа на археологијата, историјата, етнологијата и ликовната уметност, зборува за успешна и плодна истражувачка активност на стручните лица во Музејот, а врв на таквите истражувања е организирање на над илјади изложби, рече Недељковиќ. Оваа година, посочи тој, Министерството поддржа 23 проекти.

Пред присутните се обрати и градоначалникот на Куманово Зоран Дамјановски кој истакна дека музејот дава огроменпридонес за развојот на културата во општината.

На најуспешните вработени и на поранешните вработени во музејот им беа доделени благодарници и пофалници.

Би можело да ве интересира

ЈОРСМ: Дадена наредба за обдукција на починатиот притвореник од Затвор Куманово

Сообраќајка на автопатот „Пријателство“ – удрил во паркирани автомобил и камион

Анита Петровска Рајковиќ

Прогласена епидемија на голема кашлица во Куманово

Катерина Ѓуровски

Дилер од Куманово со нож повредил полицаец

Горан Наумовски

19 годишник дивеел и кршел во полиција во Куманово, нападнал и полицаец

МВР: Приведени се разбојниците кои пукаа и ограбија кумановец