19 годишник дивеел и кршел во полиција во Куманово, нападнал и полицаец

Од:

19 годишник од Куманово дивеел во полиција откако бил уапсен за поседување наркотични средства.

При претрес полицајците кај него пронашле марихуана и го привеле, но тој се опирал на апсењето и физички ги нападнал полицајците. Уапсениот не се смирил ни по приведувањето. Продолжил да дивее во полициската станива и искршил дел од инвентарот.

Од МВР во соопштението велат:

„На 25.03.2024 во 21.45 часот во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода Н.П.(19) од Куманово затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. Исто така, при приведувањето, физички нападнал полициски службеник, а подоцна оштетил и дел од инвентар во просториите на СВР Куманово. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.“, велат од МВР.

Би можело да ве интересира

Притвор и мерки за претпазливост за осомничените за перење пари и изнуда во Куманово

Кратовец со нож прободе полицаец, ќе оди во притвор

А1он

Големо невреме со пороен дожд, грмежи и град северозападно од Куманово

16-месечно бебе од Куманово е во болница откако испи бензин

Горан Наумовски

Уште еден случај на затруено двегодишно дете во Куманово

Двегодишно дете од Куманово е затруено со разредувач за боја, пренесено е на Клиниките во Скопје