Костадиновска Стојчевска: Статусот на УНЕСКО останува, остануваат и препораките за негово зачувување

Од:

Комитетот за светско културно наследство на УНЕСКО високо го вреднува донесувањето на стратегискиот план заедно со Република Албанија, како потврда за нашите искрени намери за зачувување на статусот и подготвеност за работа дома и интензивна соработка. Престижниот статус ни останува, но остануваат и препораките за негово зачувување, истакна денеска на прес-конференција министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска.

Таа потврди дека препораките не се лесни и нивното реализирање бара целосно внимание. Како што рече, за се постигне успех, неопходно е секој да го понесе својот дел од обврските – централната власт, локалната самоуправа, установите и граѓаните.

Од соработката, посочи, ќе зависи имплементацијата на посочените мерки за рехабилитација на регионот.

-Комитетот за светско културно наследство на УНЕСКО на 45 сесија во Ријад, Саудиска Арабија одлучи да го остави Охридскиот регион на листата на светско природно и културно наследство од исклучителна универзална вредност. Со оваа одлука Комитетот ги уважи нашите напори како и заедничките напори со Република Албанија за зачувување на престижниот статус на Охридскиот регион. Комитетот ги вреднуваше и фактот дека експертските тимови на двете држави заеднички изготвија стратегиски план за рехабилитација на природното и културното наследство на Охридскиот регион со акциски план, рече Костадиновска Стојчевска.

Според министерката, ова е значаен чекор во детектирање и справување со факторите кои имаат негативно влијание врз вредностите во регионот.

-Изготвувањето на стратегискиот план беше поздравено од Комитетот со препорака, заедно со Албанија да допрецизираме временска рамка за имплементација, буџет и приоритетите на активностите од стратегискиот план. Тоа значи дека со Република Албанија не чека многу заедничка работа. Ние ги споделуваме природните убавини, но и одговорноста за Охридското езеро, рече Костадиновска-Стојчевска.

Таа додаде дека многу работи од препораките веќе се почнати, но останува нивната целосна реализација.

Останува препораката да се финализира прогласувањето на Студенчишко Блато за парк на природата, а Охридското езеро за споменик на природата. На ова, како што рече, работат и е во финална фаза.

-Што поскоро мора да се изготват нови генерални урбанистички планови за Охрид и Струга. Треба да продолжи адресирањето на проблемот за бесправните објекти и да се осигури дека оние што се отстранети нема да се обноват, но и дека нема да се појават нови нелегални градби. Реактивната мониторинг мисија на центарот за светско наследство на УНЕСКО и на советодавните тела од почетокот на следната година повторно ќе дојдат за да ја оценат имплементацијата на препораките и на мерките за рехабилитација на регионот, појасни Костадиновска Стојчевска.

Таа потенцираше дека експертските тимови ќе продолжат интензивно и координирано да работат и да дејствуваат во детектирање и справување со факторите кои имаат негативно влијание врз природните особености и вредности на Охридскиот регион.

-Одлуката на Комитетот е позитивен импулс и поддршка на нашите региони. Да го зачуваме престижниот статус на Охридскиот регион, регионот кој светот го препозна, а УНЕСКО ја верификува неговата убавина. Едно од 39 мешовити добра во целиот свет, односно 43 прекугранични добра, додаде Костадиновска Стојчевска.

Би можело да ве интересира

Приведен охриѓанец, го фотографирал гласачкото ливче

Катерина Ѓуровски

Работнички од Непал му избегале на газдата од Охрид, случајот пријавен во полиција

Орце Костов

(ВИДЕО) Пожар во охридската кафеана „Беко“

Горан Наумовски

Ванковска: Сосема нов Устав, затоа што постоечкиот е неупотреблив – дели наместо да сплотува

А1он

Левица од Охрид: Тука Нефи го рушеше АСНОМ додека Пецаков молчи

Орце Костов

Костадиновска-Стојчевска: Ги исполнуваме препораките на УНЕСКО и заеднички овозможуваме трајна заштита на Охридскиот регион