Конкурс за доделување на наградата „Мито Хаџи Василев-Јасмин“

Од:

Одборот за доделување на државната награда „Мито Хаџи Василев – Јасмин” распишува конкурс за доделување на наградата за 2013 година. Конкурсот трае од 1 до 31 октомври 2013  година.

Со државната награда „Мито Хаџи Василев – Јасмин” се оддава признание за остварувања во областа на публицистиката и новинарство. Се доделува на поединци, група творци, екипи, установи, трговски друштва и здруженија на граѓани. Државната награда под условите определени во конкурсот може да се додели и на странски државјани, група творци, екипи и институции од странство.

На награден поединец му се доделува диплома и паричен износ.  На секој член на наградената група творци или екипа им се доделува диплома и  подеднаков дел од паричниот износ. На наградена установа, трговско друштво или здружение на граѓани им се доделува диплома и плакета.

Паричниот износ на државната награда „Мито Хаџи Василев – Јасмин” изнесува пет просечни месечни плати во Република Македонија исплатени во последните три месеци во тековната година.

Државната награда „Мито Хаџи Василев Јасмин” се доделува секоја година.  Во една година може да се доделат најмногу до две награди.

Иницијатива за доделување на државната награда „Мито Хаџи Василев – Јасмин” може да поднесат: установи, трговски друштва, здруженија на граѓани и граѓани. Подносителите на иницијатива за доделување на државната награда треба подробно да ја образложат иницијативата. Во текстот треба да се содржани и: прецизни биографски податоци, точна адреса на живеење (адреса-улица, број, место, град, држава), податоци за остварените резултати во областа во која што е постигнато остварувањето и други податоци што се смета дека ќе придонесат во оценувањето. Подносителот на иницијативата мора да го наведе своето целосно име и презиме, назив, фирма, адреса и телефон.

Текстот на иницијативата (комплетиран) да се достави во 15 примероци, а трудовите (книги, публикации и сл.) се третираат како прилози и треба да се достават најмалку во два примерока. Иницијативите треба да се достват на адреса на Министерство за култура на Република Македонија – Одбор за доделување на државната награда „Мито Хаџи Василев- Јасмин”, ул.„Ѓуро Ѓаковиќ” бр. 61 – Скопје, Република Македонија.

Би можело да ве интересира

Во медиумите во Македонија работат 2.100 луѓе, 20% од редовно вработените се во онлајн медиуми

Орце Костов

Новинарите летале со Бајден во претседателскиот авион и краделе навлаки за перници, чинии…

Предраг Петровиќ

Извештај за безбедноста на новинарите: Продолжуваат заканите, притисоците и ограничувањата врз медиумските работници

Истражување: Над половина медиумски работници имаат потпросечни плати, во онлајн-медиумите секој трет е пријавен со полно работно време

Повеќе новинари беа убиени во 10 недели војна во Газа отколку за една година во сите други земји

Најмалку 48 новинари загинаа во војната меѓу Израел и Хамас