Излезе од печат збирката „Златен меч на времето“

Од:

Деновиве излезе од печат збирката „Златен меч на времето: поезија за Велес и велешани“ во издание на Академски Печат и Клубот на писатели „Коста Солев Рацин“ од Велес.

Збирката на 262 страници претставува тематски определен панорамски преглед на извадоци од творештвата на голем број македонски поети од различни генерации и стадиуми од развојот на македонската книжевност, почнувајќи од Јордан Хаџи Константинов – Џинот, Рајко Жинзифов, Петар Поп Арсов и Димитрија Чуповски, продолжувајќи со Кочо Рацин, Ганчо Хаџи-Панзов и Коле Неделковски, потоа Блаже Конески, Венко Марковски и Гане Тодоровски; Јордан Плевнеш, Михаил Ренџов, Тодор Чаловски, Панде Манојлов, Радован П. Цветковски, Тихо Најдовски, Ристо Јачев, Лиле Арсова, Павлина Климкар Меанџиева, Катица Ќулавкова, Васил Тоциновски; завршувајќи со поетски дела од современите поети од најновите генерации: Стефан Марковски, Димитри Соле Љубин, Игор Крајчев, Марина Мијаковска.

Како што потенцира приредувачот д-р Васил Тоциновски во предговорот, „трудот Златен меч на времето претставува еден можен обид за испишување лирска историја за Велес и за неговите луѓе“.

Би можело да ве интересира

„Цепај сине“, купи книга и биди хуман: Ѕоф и „Арс Ламина“ во нова хуманитарна акција

Онлајн-промоција на „Почитувани бубачки и други морничави приказни“од Маша Колановиќ

Кристина Краличин добитник на првата награда на конкурсот „Il Parnaso – Premio Angelo La Vecchia”

Објавена книгата за деца и млади „Диносаурус“ од Аевар Тор Бенедиктсон

Нова книга со раскази „Деконструкција на празнината“ од Даниела Андоновска-Трајковска

Промоција на книгата „Витаминот Д и респираторното здравје“ од Татјана Јаќовска и Весна Мицевска

Ана Ололовска