Излезе од печат романот „Љубовта е таа што не ја разбираме“ од Барт Мујарт

Од:

Во издание на „Бата прес“ излезе од печат романот за тинејџери и млади „Љубовта е таа што не ја разбираме“ од познатиот белгиски писател Барт Мујарт.

Делото од фламански го преведе Ели Пујовска, а книгата е објавена со поддршка на Министерството за култура и програмата „Креативна Европа“ на Европската Унија. Ова е втора од десетте книги на десет различни европски јазици што „Бата прес“ ќе ги објави оваа и наредната година во рамки на проектот „Отворени книги – отворени граници“.

Како што соопштија од издавачката куќа, романот го креираат три стории раскажани од перспективата на неименувана тинејџерка. Низ различни епизоди од нејзиниот живот, како случајно избрани вињети, авторот Мујарт ги опишува колебањата во една дисфункционална фамилија и децата што се оставени да ги собираат нејзините семејни парчиња.

Авторот Барт Мујарт е роден во 1964 година во Бриж. Се школувал во уметничкото училиште Кунстхуманиорa во Гент, а потоа студирал холандски, германски и историја во Брисел.

Неговите најпознати дела се „Голи раце“, „Љубовта е таа што не ја разбираме“, „Браќа“, „Создавање“ и антологијата поезија „Собирање љубов“.

Би можело да ве интересира

„Цепај сине“, купи книга и биди хуман: Ѕоф и „Арс Ламина“ во нова хуманитарна акција

Онлајн-промоција на „Почитувани бубачки и други морничави приказни“од Маша Колановиќ

Кристина Краличин добитник на првата награда на конкурсот „Il Parnaso – Premio Angelo La Vecchia”

Објавена книгата за деца и млади „Диносаурус“ од Аевар Тор Бенедиктсон

Нова книга со раскази „Деконструкција на празнината“ од Даниела Андоновска-Трајковска

Промоција на книгата „Витаминот Д и респираторното здравје“ од Татјана Јаќовска и Весна Мицевска

Ана Ололовска