Иран и Македонија ќе соработуваат во културата, економијата и политиката

Од:

Културата, економијата и политичката соработка беа дел од темите за кои разговараа Сејед Мохамед Џавид Расули, амбасадор на Исламската Република Иран во нашата држава и министерката за култура Ирена Стефоска.

Како што информира МНР, иранскиот амбасадор на средбата изразил интерес за отворање катедра или организирање курс по персиски јазик на некој од македонските универзитети и обратно, изучување македонски јазик на иранските универзитети.

Иранскиот амбасадор Расули изразил надеж дека по олабавување на мерките од Ковид-19 ќе може да се организираат денови на културата на двете земји. Иран, како што се наведува, е многу успешна во културата и кинематографијата и во оваа насока Расули предложи организирање Денови на иранскиот филм, не само во Скопје туку и во другите градови низ земјава.

МНР информира дека се иницира договор меѓу новинските агенции ИРНА и МИА за размена на информации за двете држави и потпишување договор меѓу двете национални телевизии за размена на играни, сериски и документарни филмови.

Би можело да ве интересира

Врховниот лидер на Иран: Покажавме моќ во нападот врз Израел

Орце Костов

ВИДЕО: Воздушен напад во Ирак, експлозии во база на проиранската милиција

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Иранската државна телевизија IRIB ги минимизираше извештаите за израелскиот напад

Иран: Немаше ракетен напад, соборивме израелски беспилотни летала

Горан Наумовски

ABC News: Израелски проектили погодија локација во Иран

Над 3000 вработени во културата се без плата, од утре излегуваат на протести