Фестивалот за современи уметности АКТО по 12. пат во Битола

Од:

На повеќе локации во Битола со музичка работилница за грамофони, перформас во изведба на актерот Здравко Стојмиров и изложба денеска почнува 12. издание на фестивалот за современи уметности АКТО.

Програмата на фестивалот вклучува голем број изложби, работилници за музичари, програма за деца, перформанси, концерти и DJ настапи, кои ќе се одржат на неколку локации во Битола и тоа во дворот на Офицерскиот дом, во мезе – бар Јагода, Магаза Битола, Задруга Артикултура и кафе бар Радост.

Во фокусот на овогодинешното издание на фестивалот е иницијативата за ревитализација на Офицерскиот дом во Битола.

Во тој контекст, в сабота ќе биде организирана јавна дебата „Каков Офицерски дом ни треба?“. На дискусијата, како што најавуваат организаторите, ќе учествува министерот за култура Роберт Алаѓозовски, експерти за културно наследство, како и повеќе организации и индивидуалци од Битола кои низ годините се залагале за одбрана и враќање на Офицерскиот дом во функција на јавно добро.

Дискусијата ќе биде од отворен карактер.

Фестивалот е поддржан од Фондација Фридрих Еберт – канцеларија Скопје, Цивика мобилитас – Македонија и ЛГБТИ Центар за поддршка.

Би можело да ве интересира

Тешко повреден е возач во сообраќајка во Битола

Домашен притвор за родителот што натепа наставничка и ученик во Битола

Реномирани музичари, книжевници и актери се дел од програмата на „Видик“ – нов фестивал за литература и општа култура

Во Штип Фестивал на уметноста „Ликовна визија“

Шопен под отворено небо со Дино Имери

Директор на ЈП „Пазари“ Битола склучил јавна набавка со фирма избришана од Централен регистар

А1он