„Феникс“ ја објави „Книга за чајот“ на македонски јазик

Од:

Издавачката куќа „Феникс“ ја објави на македонски јазик „Книга за чајот“ од јапонскиот писател, мислител и истражувач Какузо Окакура (1862-1913), кој во неа се обидел да ја објасни специфичноста на Истокот преку симболот чај.

kakuzo-okakura

– Се смета за дело со  најубави есеи кои на човекот од Запад му го претставуваат источниот начин на размислување. Оваа книга има, пред се, културолошки димензии. Покрај историјата на чајот, неговото ширење, филозофските насоки кои влијаеле врз развојот на чајната церемонија, зборува и за мајсторите на чајот чија генијалност проникнува и во бројни други уметности во Јапонија, соопшти „Феникс“.

Во „Книга за чајот“ се содржани темите: чајна церемонија, шолја на човечноста, школи за чајот, таоизмот и зенот, чајна соба, почитување на уметноста, цвеќе, и мајстори на чајот.

Би можело да ве интересира

„Цепај сине“, купи книга и биди хуман: Ѕоф и „Арс Ламина“ во нова хуманитарна акција

Онлајн-промоција на „Почитувани бубачки и други морничави приказни“од Маша Колановиќ

Кристина Краличин добитник на првата награда на конкурсот „Il Parnaso – Premio Angelo La Vecchia”

Објавена книгата за деца и млади „Диносаурус“ од Аевар Тор Бенедиктсон

Нова книга со раскази „Деконструкција на празнината“ од Даниела Андоновска-Трајковска

Промоција на книгата „Витаминот Д и респираторното здравје“ од Татјана Јаќовска и Весна Мицевска

Ана Ололовска