Ена Катарина Халер на книжевна резиденција во Скопје

Од:

Во рамки на резиденцијалната програма на издавачката куќа „Готен“, поддржана од европската мрежа за превод и книги „Традуки“, на книжевна резиденција во Скопје во август престојува писателката од Хрватска Ена Катарина Халер.

dobivaj vesti na viber

Во текот на својот резиденцијален престој во Скопје, Ена Катарина Халер ќе работи на својот нов роман, а ќе има можност одблиску да се запознае и со македонската книжевна сцена.

Ена Катарина Хелер е родена 1996 година во Осиек. Завршила природно-математичка гимназија во Осиек, а моментално работи на своето димпломско дело на Архитектонскиот факултет во Загреб.

Првата книга, романот „На дофат“, ја објавува во 2019 година. Книгата се занимава со страдањето на едно село во Хрватска за време на Втората светска војна, прогонството на преживеаните на Блајбург и животот на стигматизираните групи жени и нивните деца, кои ги наследиле судбините и одлуките на нивните мажи. Романот ги има добиено наградите „Ксавер Шандор Гјалски“ и „Иван и Јосип Козарац“ за најдобро прозно дело во 2020 година, а беше и во финалето за наградите „Т-портал“ и „Фран Галовиќ“. Во 2022 година романот треба да излезе на македонски јазик во издание на „ПНВ Публикации“. Освен со пишување, Халер пишува и книжевни критики.

Во Скопје, Ена Катарина Халер ќе работи на својот нов роман, кој се занимава со семејната траума и проекцијата на таа траума на љубовните и пријателските односи. Во основата, тоа е роман за љубовта, на различни ниво, но и роман за односот меѓу руралниот и урбаниот менталитет во пост-транзицискиот период во Хрватска.

Резиденцијалниот престој на Ена Катарина Халер во Скопје е поддржан од европската мрежа за превод и книги „Традуки“.

Би можело да ве интересира

Романот „На пола пат “ од Алија Авдовиќ излезе од печат

Наградуваниот белгиски филм „Вселенско момче“ во кината

Нова поетска книга на Димче Шипинкаровски „Татков аманет”

Бугарски научници: Лагите на македонските историчари ќе се најдат во сите светски библиотеки

Орце Костов

„Арс Ламина“ ја објави „Малибу во пламен“ од Тејлор Џенкинс Рејд – книга на годината според „Гудридс“

Летен фестивал на книгата во ТРИ