ДПМ ќе расправа за преиспитување на лектирите

Од:

Иницијативата на Друштвото на писателите на Македонија за преиспитување на лектирата во основното и средното образование ќе биде тема за расправа на редовното Годишно собрание на македонската писателска асоцијација што ќе се одржи денеска.

Собранието ќе го отвори претседателот на ДПМ Веле Смилевски, што ќе биде вовед во дебатата за актуелните состојби во лектирата како еден од најважните и изразито чувствителни сегменти во образованието на новите генерации.

Друштвото на писателите на Македонија оценува дека содржината на лектирата во голем дел е застоена и не кореспондира со вистинските потреби на образовниот процес и на интересирањата, нивото и сензибилитетот на новите генерации ученици од основното и средното образование.

ДПМ ќе побара од Министерството за култура и од Министерството за образование и наука да ги употребат своите механизми, со учество на независни експерти од областа на книжевната наука и образованието, за разгледување и анализа на лектирата според естетските и педагошките параметри во духот на современиот образовен систем, како и ослободување на изборот на авторите и делата од било какви идеолошки и други нелитерарни мотиви.

Ваквата иницијатива, во која ДПМ е подготвено да партиципира во сите фази од нејзиното реализирање, ќе придонесе, како што наведува, и за афирмација и доближување на вредностите на литература што се создава на македонски јазик и на јазиците на националностите до младите читатели, во контекстот на книжевните вредности од светот.

Би можело да ве интересира

МОН: Поради голем интерес до 25 декември може да се аплицира за финансиска поддршка за учениците

Осум важни достигнувања за осум години: Иновации на Бреинстер што го менуваат образованието

Горан Наумовски

Септемвриските плати во основното и средното образование ќе бидат повисоки за 15 oтсто

МОН ветува – ниту еден наставник нема да биде отпуштен, ниту ќе добива помала плата

А1он

Егзодус во Прилеп: 300 деца отпишани од училиште за шест месеци поради селење во странство

Катерина Ѓуровски

Учество на македонски писатели на фестивалот „Словенска слова” во Црна Гора