Септемвриските плати во основното и средното образование ќе бидат повисоки за 15 oтсто

Од:

Септемвриските плати во основното и средното образование ќе бидат повисоки за 15 oтсто. Договорот во МОН го потпишале претседателот на Синдикатот за образование, наука и култура (СОНК) Јаким Неделков и министерот за образование и наука Јетон Шаќири.

-Септемвриските плати во основното и средното образование повисоки за 15 отсто. Продолжуваме понатаму со потпишување на колективните договори за основно, средно и високо образование, напиша на Фејсбук синдикалниот лидер.

Вработените во образованието со септемвриската плата добиваат 10 отсто согласно Општиот колективен договор (ОКД) за вработените во јавниот сектор и уште 5 отсто дополнително договорени во преговорите меѓу СОНК и МОН.

Неделков неодамна за МИА изјави дека СОНК е во континуирани преговори со Министерството за образование и наука просветните работници со септемвриската плата да добијат дополнително покачување од оние 10 отсто што ќе им следуваат со ОКД.

Дополнителното покачување е сигурно, нагласи Неделков, и СОНК преговара со МОН колкав да биде процентот.

-Тие даваат толку колку што даваат, ние бараме повеќе. Да видиме каде ќе се сретнеме и затоа не би сакал да шпекулирам со проценти во јавноста, додаде Неделков во изјава на почетокот на учебната година.

Притоа посочи дека СОНК успеал да издејствува 10 проценти покачување на платите за просветарите во 2020 година и 18 проценти во 2022.

Би можело да ве интересира

Осум важни достигнувања за осум години: Иновации на Бреинстер што го менуваат образованието

Горан Наумовски

МОН ветува – ниту еден наставник нема да биде отпуштен, ниту ќе добива помала плата

А1он

Егзодус во Прилеп: 300 деца отпишани од училиште за шест месеци поради селење во странство

Катерина Ѓуровски

Неделков: Колективниот договор за високо образование и наука е исполнет во целост

Усписите на ученици во средно образование во две пријавувања во јуни

Ана Ололовска

Универзитетот во Тетово го поништи огласот за избор на ректор и ќе објави нов

Ана Ололовска