„Денови на Крали Марко“ по деветти пат во Прилеп

Од:

Со повеќе настани Прилеп по деветти пат денеска ја организираше манифестацијата „Денови на Крали Марко“ во чест на легендарниот Крал Марко, кој историски е поврзан со Прилеп.

Во дворот на црквата „Св. Никола“ во Варош се одржаа ликовна колонија, литературно читање и историски час посветени на ликот и делото на овој легендарен јунак. Учениците кои членуваат во историската секција од ОУ „Блаже Конески“ и од ликовната секција од ОУ „Кире Гаврилоски – Јане“ се потрудија преку своите изведби и дела да го прикажат ликот на Крали Марко.

Според градоначалникот на Прилеп Марјан Ристески, наскоро во центарот на градот ќе биде поставен споменик на Крал Марко.

– Со манифестацијата се одбележува годишнината од загинувањето на Крали Марко, а целта е промовирање на Прилеп како град каде што живеел овој легендарен крал, рече Ристески.

Во рамки на манифестацијата „Денови на Крали Марко“, која традиционално ја организира локалната самоуправа, синоќа во Градската библиотека „Борка Талески“ се одржа предавање со поетско читање на тема „Ликот на Крали Марко во македонската современа литература“.

Би можело да ве интересира

Петмесечно бебе со голема кашлица хоспитализирано во Прилеп

Вандали уништиле мермерни плочки околу спомениците – Урни во Могилата на непобедените во Прилеп

Четири работнички од Непал му избегале на газдата во Прилеп, случајот пријавен во полиција

Орце Костов

Во прекин сообраќајот на патот Прилеп – Градско поради сообраќајка

Жена од Прилеп се заканувала дека ќе запали кафеана

Горан Наумовски

Одрон на патот Прилеп – Витолишта, сообраќајот се одвива отежнато

А1он