Карикатуристот од Битола Блаже Докуле 10-ти пат континуирано е добитник на награда на Меѓународен фестивал за карикатури кој секоја година се одржува во Сеул, Јужна Кореја.
Годинава Докуле е награден за четири карикатури изработени на тема „Топло-ладно“.
-Во мојата петдецениска кариера сум учествувал на над 200 меѓународни и домашни фестивали на карикатурата. Мојата архива е исполнета со многу награди и признанија, а 10-тата по ред награда од Јужна Кореја посебно ми значи, изјави карикатуристот Докуле по добивањето на веста од Сеул.