Изложба на карикатури на тема корона од Миле Манчевски

Од:

Карикатури од авторот Миле Манчевски од Велес, на тема корона и посветена на сите здравствени работници, синоќа беше отворена во Пионерскиот дом во Гевгелија.

– Карикатурата како инструмент на комуникација во времето на корона е неверојатно блескав момент оти тогаш кога застана се, визуелизираните идеи на Миле Манчевски беа оригинален подарок за сите нас, смета гевгелиската сликарка Мирјана Крстева Массетти.

Додава дека истражувањата на карикатурата се интердисциплинарни и навлегуваат во повеќе области, меѓу кои и историјата.

– Така, Манчевски на свој начин преку оваа изложба ја исцртува историјата за едно време наречено корона.Неговата карикатура динамично кореспондира со менталниот конструкт на реципиентот затоа што е забавна, хумористична и оригинална, рече Крстева Массетти.

Манчевски објавувал свои дела во најтиражните весници во нашата земја и на просторите во поранешна Југославија. Негови карикатури биле презентирани и во дваесетина земји низ светот.

Би можело да ве интересира

Во Корча ќе се одржи промоција на македонски национални носии од Преспа

„Ретроспектива“ – самостојна изложба на Даме Затуровски

Изложба „Простор и тишина“ на Билјана Билбилоска

Клупска изложба на фотографии „Мајски салон 2024“ во Центарот за култура во Куманово

Во Штип Фестивал на уметноста „Ликовна визија“

Отворање на изложбата „Денис Боувен“ во МКЦ по повод Светскиот ден на уметноста

Предраг Петровиќ