АУДИО: Џорлев како директор на „Танец“ се лути против синдикалното организирање на членовите и ги потсетува кој „им дал леб во рака“

Од:

На ЈуТјуб се појави аудио снимка од доскорешниот директор на Ансамблот „Танец“ од која што може да се слушне како Зоран Џорлев на состанок со вработените нервозно реагира на тоа што дел од членовите се обиделе синдикално да се организираат.

Џорлев вработените ги потсетува да се потсетат кој ги вработил и кој им дал леб во рака.

„Мене ме срамите, ги срамите луѓето што ви дале леб во рака, не е во ред тоа. Досега молчев, не кажував ништо, ако сакате кажете ме таму, злоупотребете го тоа против мене, не ме интересира. На луѓето кои најмногу им помогнат, почнаа да маваат против мене. Само Господ е над мене, никој друг. Има луѓе врз кои треба да се правдам, меѓутоа јас одговарам за вас“, рече Џорлев.

На состанокот Џорлев зборува за тоа дека за ангажирањето на овие вработени го вложил својот углед како уметник и зборува за неговата одговорност пред „повисоките од власта“.

Поранешниот директор ги критикува вработените и за давани изјави и статуси на Фејсбук.

„Какви се такви се, треба да ги почитувате оние што ви дале леб во рака“ вели Џорлев и ги советува вработените да внимаваат ако не се сигурни дека не се најдобри и сигурни дека заслужуваат да бидат таму каде што се во моментот.

„Јас сум име и презиме во државава и не зависам од никого“ вели Џорлев во „монологот“ пред вработените и додава дека не е во ред што членовите се обиделе синдикално да се организираат.

„Ако ме фати инает ќе ви направат аудиција на сите“ им вели Џорлев на вработените и им кажува дека не сака да им се заканува и им ветува покачување на плати.

Би можело да ве интересира

„Танец“ организира комеморација за својот солист Далибор Ѓошиќ

Почнува 61. Балкански фестивал на народни песни и игри

Традиционален новогодишен концерт на „Танец“

Ана Ололовска

Ансамблот „Танец“ со традиционален новогодишен концерт и нова кореографија во МНТ

„Танец“ се прости од Џорлев: Сочувство до семејството и колегите со кои ја делеше сцената

Ландов

Ансамблот „Танец“ ќе добие нови простории, одлучи Владата на последната седница

Жарко Настоски