Ансамблот „Танец“ со традиционален новогодишен концерт и нова кореографија во МНТ

Од:

Националниот ансамбл за македонски народни игри и песни „Танец“ ќе го одржи традиционалниот новогодишен концерт со кој ќе ја заокружи 2021 година. Концертот ќе се одржи во Македонскиот народен театар на 21 декември.

Програмата содржи раскошна музичко-сценска програма во која ќе настапи целиот ансамбл и ќе бидат исполнети познатите сценски постановки и кореографски творби како орото „Копачка“, „Шопска петорка“, потоа „Роненка“, „Жетварка“, „Радовишки собор“, како и композиции од богатиот вокално-инструментален репертоар.

Премиерно ќе биде претставена и кореографската постановка „Мијачка“ на авторите Марјан Андоновски (кореографија) и Дарко Илиевски (музичка обработка). Ова ново кореографско дело се темели врз личните теренски истражувања на кореографот низ пределот Мала Река.

Картите за новогодишниот концерт се пуштени во продажба преку веб-страната и билетарницата на МНТ, по цена од 500 денари. Концертот ќе биде организиран според сите важечки Ковид протоколи.

Би можело да ве интересира

„Танец“ организира комеморација за својот солист Далибор Ѓошиќ

Почнува 61. Балкански фестивал на народни песни и игри

Традиционален новогодишен концерт на „Танец“

Ана Ололовска

„Танец“ се прости од Џорлев: Сочувство до семејството и колегите со кои ја делеше сцената

Ландов

Ансамблот „Танец“ ќе добие нови простории, одлучи Владата на последната седница

Жарко Настоски

„Танец“ средствата од продадените билети ќе ги намени за најпогодените од коронавирусот

А1он