„Архангел“ го отвора годинашниот Вевчански карневал

Од:

Рок групите „Архангел“ и „ Галија“, како и познати диџеи ќе бидат дел од програмата на Вевчанскиот карневал што ќе се одржи од 12 до 14 јануари во Вевчани.

Во рамки на карневалската манифестација градоначалникот на Вевчани Сашо Јанкоски за МИА открива дека на 12 јануари предвидено е културно уметничка работилница и настап на македонската рок група „Архангел“ и српска „Галија“, а во ноќните часови присутните ќе ги забавува познат ди – џеј

На Стара Нова година вевчанци и посетителите ќе ги забавуваат „Кате и Нели ти реков“, „Баклава“, „Џубокс бенд“ и оркестар со зурли и тапани.

-Подготовките се во тек, а деталите околу организацијата на Вечанскиот карневал ќе бидат соопштени на прес-конференција в петок, изјави Јанкоски.

Карневалот е вековна традиција во Вевчани, а вевчанци ќе кажат се, но до карневалското дефиле маските ги чуваат во тајност.

Карневалот почнува со традиционално карневалско дефиле под маски напладне на 13 јануари, а следниот ден маските се палат во центарот на Вевчани, со што завршува манифестацијата.

Би можело да ве интересира

Со традиционалното василичарско оро заврши Вевчанскиот карневал

Со палење на маските и василичарско оро завршува Вевчанскиот карневал

Традиционално дефиле под маски на Вевчанскиот карневал

Катерина Ѓуровски

Вевчанскиот карневал и годинава традиционално на 13 и 14 јануари

Над 500 учесници на карневалот во Кавадарци, градот има вински кралица и крал

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Три лица тешко повредени на карневал во Лондон

Горан Наумовски