Над 500 учесници на карневалот во Кавадарци, градот има вински кралица и крал

Од:

Над 500 учесници имаше во карневалското дефиле вечерва во Кавадарци, од земјава и странство, градот има вински кралица и крал во рамките на традиционалната манифестација „Тиквешки гроздобер“.

– Секоја карневалска група со своја приказна, секоја убава на свој начин. Традиционалниот карневал и оваа година со над 500 учесници во 31 карневалска поставка, кои продефилираа низ улиците на Кавадарци, а кралот и кралицата заедно со градоначалникот Митко Јанчев и претседателот на Совет на општина Кавадарци Стојанчо Рамов и дел од гостите, симбилично го откинаа првиот грозд, за многу години, рекоа организаторите на настанот од кавадаречката локална самоуправа.

Традиционалната стопанско туристичка и културна манифестација има долга традиција, годинава се одржува овие три дена, на агендата се бројни настани и се очекуваат гости од земјава и странство.

Би можело да ве интересира

Тринаесет маратонци ќе трчаат од Нова Градишка до Крушево на 17. ултра маратон за Тоше Проески

Зубин Мехта: Патот на еден од највлијателните диригенти во светот

Недела на романски филм во Кинотека: Проекции на филмовите на Пују, Мунџиу, Порумбоју и Жуде кои ја поставија Романија на мапата на светската кинематографија

Предраг Петровиќ

Во Прилеп се одржа „Прилеп фото фест“

„Боинг Боинг“ го затвори годинашното издание на Меѓународниот театарски фестивал во Крива Паланка

Битолскиот театар со „Хамлет-денот на убиствата“ на фестивал во Полска