10 години – Prilep Jazz Wekend

Од:

Во организација на здружението за субкултура ПП ЏЕЗ ФЕСТИВАЛ, од 28.08. до 02.09. 2023г, ќе биде одржано дванаесеттото издание на Prilep Jazz Weekend фестивалот.Концептот на фестивалот останува ист, така што ќе имаме два концерти во OFF програмата и три вечери во Домот на културата Марко Цепенков.

Фестивалот оваа година на археолошкиот локалитет Врбјанска Чука ќе го отвори Џенгис Ибрахим, еден од врвните музичари на балканот кои се концентрирани на ориенталната музика. На овој настап тој ќе изведе композиции кои комуницираат со архаичниот амбиент и ги рефлектираат неговите импресии од интеракцијата со древниот свет.

На 29 ти август во Клубот Калинка ќе настапат Next to Silence, бенд кој започна со свирење реинтерпретирани мелодии од музичари кои издаваа за музичката куќа ECM, но толку многу уживаше во ваквата игра што продолжи со создавање и своја музика. Ади Имери – гитара, Филип Димишковски – клавијатури, Драган Стојковски – бас, Гоце Наумов – барабани.

Првата вечер на малата сцена од Домот на културата Марко Цепенков (31.08.23г) ќе ја отворат Прилепчанката Добрила Грашеска и Доријан Јовановиќ и ќе ни го презентираат нивниот последен проект Пиле Шарено. Од познати до непознати песни од македонското поднебје, со поинакви аранжмани и изрази, Пиле шарено е албум кој има задача да отвори ново поглавје, да покаже различен дискурс на нешто колку познато, толку и непознато, да испраша и да израдува. Како пиле. Шарено.

Добрила Грашеска – вокали, лупови

Дориан Јовановиќ – ут, електроника

Вториот дел од вечерта е резервиран за најновото сновидение на Јордан Костов, Jingarabushi: разнобојни лица и инструменти, познати и непознати, кои на јаве ќе се сретнат на сцената на овогодинешниот Прилепски Џез Фестивал. Составот, кој е резултат на многубројните авантури на композиторот-скитник, е сочинет од вокалите и флејтите на Нао Иизука, гитарата на Хисао Фукушима, пијаното на Гензох Такехиса, гајдата на Шин-ја Охно ,баритон саксофонот на Андреас Гунтер и перкусиите на Дамјан Грујо. Костов повторно ги спојува истокот и западот диригирајќи го овој ексцентричен Јапонско-Германско-Македонски оркестар, во кој очекувано се придружува со хармониката, неговиот примарен инструмент.

Yordan Kostov – accordion
Andreas Gunter – bariton sax
Nao Iizuka – Whistles, Voice
Genzoh Takehisa – Eccentric Keyboard player
Hisao Fukushima – guitar
Shin-ya Ohno – gaida
Damjan Grujo – drums

Втората вечер (01.09.23г) на малата сцена од Домот на културата Марко Цепенков ќе ја отворат Soothsayer.Бенд кој го сочинуваат тројца млади, но веќе етаблирани музичари кои ја истражуваат класичната сакс-бас-тапани трио музичка форма, и многу се забавуваат додека го прават тоа.Нивниот звук може да се опише како суров, енергичен и ризичен со разновиден опсег на влијанија во Post Bop, Hard Bop, Free Jazz и многу повеќе.

Ленарт Де Бок – тенор и сопран саксофон
Милош Чоловиќ – контрабас
Себастијан Баумгартнер – тапани и перкусии

Во вториот дел од вечерта ќе ги гледаме милениците на прилепската публика, ФОЛТИН. Фолтин е македонски бенд активен од 1995 г. Музиката на Фолтин тешко се дефинира, звукот непредвидлив и предизвикувачки, надреален, страстен и духовит, динамичен и полн со изненадувања, спојувајќи многу жанрови како алтернатива, светска музика, фанк, електро акустична, џез и други. Нивната музика е свежа, топла, бескрајно имагинативна и има моќ да ги натера луѓето да се чувствуваат прегрнати и воздигнати.
Пеце Николовски – кларинет, хармоника, перкусии, ефекти.

Бранислав Николов – глас, гитара
Пеце Трајковски – Брада – гитара, хармоника, клавир и перкусии
Гоце Јованоски – бас
Славчо Јовев – тапани

Први на последната вечер (02.09.23г) на малата сцена од Домот на културата Марко Цепенков ќе ги видиме гостите од Србија 3GONOME3. Моќно експериментално трио составено од фантастични музичари, мајстори на импровизацијата.

Душан Петровиќ – саксофон
Немања Аќимовиќ – тапани
Томислав Рале Марјановиќ – контрабас

Фестивалот ќе го затворат INTERGALACTIC MUTANT FUNK, колектив од музичари чие што основање е поттикнато од желбата за поспонтана егзистенција, танц, слободно себеизразување и топење во грув-базирана композиција и импровизација.

Ади Имери – гитара и вокал
Дамир Имери – клавијатури
Александар Ванчовски Џигер – тапани

Би можело да ве интересира

Петмесечно бебе со голема кашлица хоспитализирано во Прилеп

Вандали уништиле мермерни плочки околу спомениците – Урни во Могилата на непобедените во Прилеп

Четири работнички од Непал му избегале на газдата во Прилеп, случајот пријавен во полиција

Орце Костов

Во прекин сообраќајот на патот Прилеп – Градско поради сообраќајка

Жена од Прилеп се заканувала дека ќе запали кафеана

Горан Наумовски

Одрон на патот Прилеп – Витолишта, сообраќајот се одвива отежнато

А1он