Samsung Galaxy S10 може да има тројна камера

Од:

Откако Huawei го објави импресивниот P20 Pro, телефоните со три камери на задниот панел ќе станат се попопуларни и ќе се појавуваат кај се повеќе и повеќе производители.

Според информациите од корејскиот весник „Инвестор“, аналитичарите на локалниот пазар веруваат дека Samsung ќе додаде три камери на грбот во Samsung Galaxy S10, кој се очекува следната година, заедно со сензор за 3Д препознавање на лицето.

Ким Донг-вон од KB Securities предвидува дека Samsung ќе се обложи на овие додатоци за зголемување на продажбата, бидејќи оние на Galaxy S9 се послаби отколку што се очекуваше.

Предвидувањата се дека и Apple ќе додаде тројна камера во еден од следните модели на iPhone следната година.

Повеќе камери во телефоните на Samsung значи повеќе приходи за произведителите на компоненти.

Би можело да ве интересира

Помилуван директорот на Самсунг кој беше во затвор поради поткуп

Самсунг преговара за зголемување на цената на чиповите

Ана Ололовска

Бескрајно забавни фотографии со новиот Samsung Galaxy A53

А1он

Зара, Самсунг и Пејпал меѓу најновите компании што ги затворија бизнисите во Русија

„Самсунг“ ќе гради фабрика за полупроводници во САД од 17 милијарди долари

А1он

„Легион плеј“ – нова рачна конзола на „Леново“

Ана Ололовска