Церар бара од ЕУ да изврши притисок врз Хрватска за арбитражата за Пиранскиот залив

Од:

Доколку Хрватска и натаму ја игнорира пресудата на Арбитражниот суд за границата, Словенија очекува ЕУ да изврши притисок врз неа, а пресудата треба да се спроведе најдоцна до 29 декември, смета премиерот на Словенија, Миро Церар.

-Словенија на 29 декември ќе биде подготвен за спроведување на одлуката. Доколку Хрватска и натаму истрајува на игнорирањето на пресудата, тогаш и ние ќе ги искористиме сите правни и политички средства Хрватска да ја увериме дека мора да ја почитува одлуката на меѓународната арбитража, рече Церар за ПОП телевизија.

Тој додаде дека во тој случај очекува Словенија да добие поодлучна поддршка од меѓународната заедница, пренесе Хина.

-Верувам дека и меѓународната заедница мора да даде свој прилог за Хрватска да се увери дека мора да ја почитува арбитражата, рече Церар.

Би можело да ве интересира

Убиен работник од Украина во Славонски Брод

Горан Наумовски

Земјотрес во Риека: Се тресеше тлото во Хрватска

Горан Наумовски

Германските медиуми за изборите во Хрватска: Најверојатно ќе започне фаза на нестабилност

Отворени избирачки места на парламентарните избори во Хрватска

Невреме ја зафати Хрватска, метеоролошкиот аларм е на сила за целата земја

Горан Наумовски

Вучиќ: Недозволиво, ќе го гониме напаѓачите на хрватските новинари