Студенти поставиле мобилен телефон да снима во женските тоалети во студентскиот дом „Кузман Јосифовски Питу“

Од:

Државниот студентски дом „Скопје“ ја информира јавноста дека се идентификувани студентите кои поставиле мобилен телефон со камера на надворешната страна на прозорецот на тоалетот на третиот кат во студентскиот дом „Кузман Јосифовски – Питу“, лоциран во центарот на главниот град.

„Се работи за двајца студенти кои престојуваат во домот, а се фатени веднаш по дојавата. Безбедноста на студентите, како и заштитата на нивната приватност се многу важни за раководството. Секое нивно нарушување се зема за сериозен прекршок, а студентите ќе бидат соодветно санкционирани, согласно со правилникот“, истакнуваат од управата на студентскиот „Кузман Јосифовски – Питу“.

Од таму истакнуваат дека во моментов се работи на поставување видеонадзор во студентските домови со цел зголемување на безбедноста на студентите.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Без партиски врски, студентот добива само смрдлив тоалет и руинирана бања – Какви се условите во студентските домови

A1on

ВИДЕО: „Нè разбудија силни удари, слушнавме само бомба, бомба!“ – Студентите вознемирени по нападот врз директорот на „Пелагонија“

A1on

ВИДЕО: Поранешен вработен ја запалил канцеларијата на директорот на студентскиот дом „Пелагонија“

A1on

Објавени листите со примени бруцоши во студентските домови во Скопје, приговори најдоцна до осми октомври

А1он

Конкурс за сместување студенти во блоковите В и Г на домот „Гоце Делчев“

Ана Ололовска

ВИДЕО: Целосно реновиран студентскиот дом „Гоце Делчев“ во Скопје

Ана Ололовска