А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Левица: Власта мора да ја поништи спорната продажба на земјиштето кај „Холидеј Ин”

by А1он28/12/2018 - 11:41390
Share0

„Со одлуката на Министерството за транспорт и врски да продаде државно земјиште зад хотелот „Холидеј Ин”, сегашната власт даде јасно до знаење дека ја продолжува штетната политика на распродавање државно земјиште на приватен капитал за ниски цени.

Следете a1on на Instagram Instagram

Политичката партија Левица остро протестира поради тоа и бара итно поништување на спорниот договор со кое земјиштето беше продадено за цена далеку пониска од пазарната вредност (дури за половина износ!) и пренаменување на земјиштето за објекти од јавен интерес. Во таа насока, Левица ќе поднесе барање за поништување на незаконската продажба до Министерството за транспорт и врски. Покрај тоа, во престојниот период ќе иницира постапка на измени на Генералниот урбанистички план за конкретната парцела, со што во иднина ќе се спречи приватизирањето на овој простор заради остварување екстра-профити на поединци. Граѓаните се децидни во своите барања кои гласно и ги испорачаа на оваа власт: сакаат зеленило, слободен јавен простор и чист воздух, а не дивеење на градежната мафија и уништување на животната средина!

Наспроти тврдењата на министерот Сугарески дека биле принудени да го продадат земјиштето согласно Законот за градежно земјиште, во ниту една законска одредба од тој закон експлицитно не е наведена обврската дека државата е должна да го отуѓи земјиштето доколку приватно лице се стекне со 30 проценти од градежната парцела.

Дополнително, се работи за земјиште од Детален урбанистички план наследен од претходната власт на ВМРО-ДПМНЕ, кој силно беше оспоруван од сегашната власт додека беше во опозиција. Впрочем, оваа сомнителната продажба е изведена според ДУП кој Општина Центар моментално го има ставено под мораториум заради утврдени неправилности и за кој беше најавено дека ќе претрпи значителни промени, со цел да се заштити јавниот интерес кој е нарушен во актуелниот ДУП. Се поставува прашањето, како владата на СДСМ продава земјиште водејќи се и повикувајќи се на криминалните, деструктивни проекти на ВМРО-ДПМНЕ, која самата ги оспорува како незаконски?

Следете a1on на Youtube YouTube

Покрај наведените неправилности во продажбата, законитоста на бизнис-зделката помеѓу Владата и приватниот инвеститор дополнително е доведена во прашање, ако се има предвид дека на продаденото државно земјиште е предвидена траса за подземен трамвај, односно предвиден е објект од јавен интерес. Во ваков случај, законот на кој се повикува министерот Сугарески предвидува продажбата на земјиштето да се врши според претходна одлука на Влада, која во конкретниов случај ја нема.

Станува јасно дека актуелната власт имала механизми да ја спречи спорната продажба со која се загрозени интересите на граѓаните и интересите на државата, но за оваа влада на СДСМ поважни се
профит-интересите на мала група финансиски моќници, дури и кога штетите ги трпат мнозинството граѓани.

Законите и правниот поредок мора да ја изразуваат волјата на граѓаните и да ги штитат нивните интереси, а не интересите на мала група поединци кои се во тесна спрега со двете бизнис-ориентирани партии. И по две години од доаѓањето на власт, СДСМ не покажа никаква политичка волја да ги измени штетните закони со кои ВМРО-ДПМНЕ стана најбогата политичка партија во Европа. Напротив, ги користи и злоупотребува истите за да ги реализира своите профитерски и лукративни интереси за лично богатење, додека обичните граѓани и понатаму живеат во социјална беда, сиромаштија, загаден воздух и уништена животна средина“ се вели во соопштението на Левица.

gtcholidej inlevicaparking

Би можело да ве интересира

Левица: Слава на хероите – Честит Ден на победата над фашизмот

Предраг Петровиќ09/05/2026 - 16:09

Мустафаоглу: Ако договорот со „Маратон“ е чист зошто ЈСП со месеци го крие?

Предраг Петровиќ09/05/2026 - 09:3309/05/2026 - 12:15

Левица: Фотоволтаиците открија колапс на електроенергетскиот систем

А1он08/05/2026 - 16:2508/05/2026 - 16:26

Мециновиќ: СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ саботираат една изборна единица

Катерина Ѓуровски07/05/2026 - 14:07

Левица: Контролори ги казнуваат граѓаните за дефектите на ЈСП – пораката за платен билет стигнува по половина час

Катерина Ѓуровски07/05/2026 - 08:18

Левица му оддаде почит на Гоце Делчев: Неговото дело да биде водилка за политичко делување, а не само протоколарно чествување

А1он04/05/2026 - 15:4504/05/2026 - 15:25
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто