Обвинение за Црногорец кој претепа скопјанец

Од:

Основното јавно обвинителство Скопје до Основниот суд Скопје 1 Скопје достави обвинителен државјанин на Црна Гора, кој се товари дека сторил кривично дело “тешка телесна повреда“.

Осомничениот на 13 ноември без повод и причина, го нападнал оштетениот пред гостилница во Скопје и тешко телесно го повредил, удирајќи го со тупаници во пределот на главата.

Од ударите оштетениот се здобил со повеќе набијни повреди и скршеници и паднал во бессознание, а осомничениот го напуштил местото на настанот.

Надлежниот јавен обвинител до судот достави и предлог за продолжување на определената мерка притвор за обвинетиот, бидејќи се уште постојат околности што укажуваат на опасност од бегство со оглед на тоа што тој нема пријавено живеалиште во Република Македонија и не би можело на друг начин да се обезбеди неговото присуство во текот на кривичната постапка.

Би можело да ве интересира

Момче загина во сообраќајка на патот од Радишани кон Побожје

Катерина Ѓуровски

Пијан скопјанец со 3,29 промили алкохол во организмот и предизвикал сообраќајка

Пари од прометот на Комуналното претпријате Сарај украдени од бирото на директорот

ВИДЕО: Приведени шестмина од скандалозното видео со пукање во гостиварско

Приведен 50-годишник, силувал девојка со здравствени проблеми

Катерина Ѓуровски

Пијани Србинки се истепале во Охрид