Данска смета дека ИД најверојатно е одговорна за убиството на двете туристки во Мароко

Од:

Данската разузнавачка служба денеска соопшти дека терористичката организација „Исламска држава“ можеби е одговорна за убиството на двете скандинавски туристики во Мароко.

Телата на двете жени од Данска и Норвешка на возраст од 24 и 28 години беа пронајдени во понеделникот на изолирана локација во близина на градот Имлил на пат кон врвот Тубкал – највисокиот во Северна Африка и омилена дестинација за планинари. Двете жени биле на едномесечен одмор во Мароко.

За убиството е уапсен еден осомничен за кој мароканското Обвинителство веќе објави дека е член на екстремистичка група без да прецизира која. Во Маракеш денеска се уапсени и тројца негови соучесници за кои Обвинителството соопшти дека се поврзани со радикални исламисти.

– Многу работи сега покажуваат дека убиствата можеби биле политички мотивирани иако станува збор за терористички чин, изјави денеска данскиот премиер Ларс Локе Расмусен и ги осуди убиствата на двете жени.

Данската разузнавчката служба во соопштение истакна дека видео и првична истрага на мароканските власти покажале дека убиствата можеби се поврзани со терористичката организација Исламска држава.

Премиерката на норвешка Ерна Сулберг го осуди убиството и го нарече „брутален и бесмислен напад“.

На интернет беше објавена видео снимка на која е прикажано убиството на една од двете туристки. По извршената проверка данското разузнавање ја потврди неговата автентичност.

Би можело да ве интересира

Данска објави пакет воена помош за Украина од 350 милиони долари

Данска: Победата на Украина во војната со Русија нема алтернатива

Горан Наумовски

ВИДЕО: Во Данска се гради најголемиот подводен тунел во светот

Пијаниот маж кој ја нападна данска премиерка заврши во притвор

Во нападот данската премиерка здоби полесна повреда на вратот

Физички нападната данската премиерка

Предраг Петровиќ