Данска: Победата на Украина во војната со Русија нема алтернатива

Од:

Данскaтa премиерка Мете Фредериксен изјави денеска на конференцијата ГЛОБСЕК во Прага дека победата на Украина во војната со Русија нема алтернатива.

„Ако Русија победи, не само Украина ќе биде поразена, туку и сите ние. Европската Унија никогаш не била толку силна како денес. Понекогаш имаме внатрешни дискусии, но 26 членки ја поддржуваат победата на Украина. Европа никогаш не била толку обединета како што е сега“, вели Фредериксен, пренесува „Украинска правда“.

Таа ги повика сите оние кои не ја поддржуваат адекватно победата на Украина да „сфатат колку е опасна ситуацијата“ и потврди дека Данска не ја ограничува употребата на борбените авиони Ф-16 што ги добива украинската армија.

Би можело да ве интересира

Стармер: Зајакнување на поддршката за Украина пред мировните преговори

Песков: Шолц и САД продолжуваат да поттикнуваат војна во Украина

Зеленски вели дека не загинале 80.000 Украинци, туку многу помалку

Блинкен: САД ќе ѝ дадат на Украина оружје во вредност од 725 милиони долари

Напад на руски дронови на Тернопољ, градот делумно без струја

Горан Наумовски

Зеленски: Украина сака да ги врати окупираните територии