Стојанче Ангелов од „Достоинство“, реагира на денешните измени во Деловникот, каде, освен за буџетот, уставните измени и закони со европско знаме, не е предвидено ограничување на искусиите и во Комисијата за труд и социјална политика.
Во оваа комисија е заглавено носењето на Законот за бранители поради 15.000 амандмани на ДУИ.
Ова, вели, Ангелов, го покажува неискрениот однос на Груевски и ВМРО-ДПМНЕ кон бранителите.
„Груевски-лажниот патриот не сака да избутка ваков закон. Груевски е политички кукавица кој се затскрива зад пратениците, може и не знае дека тие предложиле ваков Деловник“, изјави Ангелов.