(ВИДЕО) Ременски: Нема амнестија за организаторите и лицата кои извршиле насилство на 27 април

Од:

Нема да бидат амнестирани лица кои биле организатори на настаните од 27 април. Тука спаѓаат лицата кои носеле оружје и фантомки, кои извршиле насилство и службени лица кои ги прекршиле овластувањата, рече пратеничката Фросина Ташевска Ременски по завршувањето на состанокот на интерпартискотп тело за помирување.

Таа рече дека членовите на ова тело ги усогласиле ставовите околу нацрт законот кој до вечер ќе влезе во собраниска процедура.Таа рече дека законот не се фокусира на тоа кој ќе биде амнестиран, туку на делата кои нема да влезат.

– Делата поврзани со терористичко загрозување и здружување заради непријателска дејност не влегуват во ова законско решение, рече Ременски.

Таа рече дека телото нема право да дава квалификации кој треба да добие амнестија, за тоа ќе одлучува судот врз основа на обвинението на ОЈО, кое ќе се темели на доказите што ги поседува.

„Ние не одлучуваме. Законот е јасен, по негово донесување секој има право во рок од 5 дена да поднесе барање за амнестија. Не навлегуваме во тоа како ќе одлучи понатаму надлежниот орган“ рече Ременски.

Таа додаде дека ако некој не се чувствува виновен не мора да поднесува барање, може да ја докажува својата невиност до крај на постапката.

Габриела Димковиќ-Мишевска

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ ќе го блокира Законот за амнестија

Александар Тодески

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ ќе го напуштат собранието ако се стави европско знаменце на амнестијата

A1on

Министерство за правда: Законот за амнестија нема да се носи со европско знаменце

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Со сите демократски и парламентарни методи ќе го спречиме донесувањето на законот за амнестија

Предлог законот за амнестија целосно ослободува 286 лица

Законот за амнестија ќе биде доставен во Собрание , потполно ослободување за казна затвор до 6 месеци, нема амнестија за тешки кривични дела