ВМРО-ДПМНЕ: Со сите демократски и парламентарни методи ќе го спречиме донесувањето на законот за амнестија

Од:

Оваа власт на Ковачевски е во очај. Затоа во рок од 6 години подготвуваат нова амнестија со која треба на слобода, а со тоа и на улиците, стотици криминалци на кои веројатно им било ветувано ослободување за да може да им работат во изборна кампања. Овој закон за амнестија како и скорешната измена на КЗ значат упад во правната држава и се прават шверцерски, интерно само внатре во владината коалиција без јавна расправа и консултации со експертите, што само говори дека се работи за партиско – политичка операција, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата додаваат дека информациите во јавноста кои говорат дека со оваа амнестија се ослободуваат учесници во тешки кривични дела, како учесници во странски боишта или осудени за случајот со убиството кај Смиљковци, само покажуваат зошто власта се обидува сето ова да го протурка кришум и набрзина.

„ВМРО-ДПМНЕ ваков закон нема да поддржи и со сите демократски и парламентарни средства ќе го блокира неговото донесување, бидејќи овој закон не е ништо друго туку исполнување на одредени концесии кои коалицијата на Ковачевски ги давала кон одредени структури. ВМРО-ДПМНЕ има јасна намера да се пресмета со криминалот од каков било облик, вклучително и со подземјето кое шурува со владеачките партии, но и со нивните наредбодатели кои креираат хаос за евентуално да се спасат од одговорност. Пораката е јасна, правната држава и владеењето на правото се врвен приоритет на ВМРО-ДПМНЕ како одговор на тоталниот криминалитет и распад на системот кој го спроведува власта на Ковачевски“, тврдат од партијата.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: 35 години откако македонскиот народ ја потврди желбата за независна Македонија

(ВИДЕО) Кузманоска: СДС остави слаб економски раст, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ носи континуитет

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Борба против криминал е апсење на вработен кој се обидел да земе мито

(ВИДЕО) Кузманоска: Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ ја доведе економијата до раст од 4,3 отсто

ВМРО-ДПМНЕ: СДС на Венко Филипче шири лаги и хистерија

Горан Наумовски

Филипче го слави системот што го спаси од обвинение, велат од ВМРО-ДПМНЕ