МНР: Жена од Кочани и маж од крушевско се двајца од тројцата загинати во автобуската несреќа кај Лесковац

Од:

Во автобуската несреќа која што се случи во близина на Лесковац во Србија рано утрово, загинаа три лица, од кои една 68-годишна жена од Кочани со иницијали К.К. и еден 68-годишен маж од крушевско Бучин со иницијали В.Ш., извести македонското министерство за надворешни работи

Тие известуваат дека третата жртва се’ уште не е идентификувана, бидејќи кај неа не се пронајдени документи за лична идентификација. Надлежните служби работат на идентификација и на повредените.

Автобусот кој што утрово се преврте во близина на Лесковац е на компанијата Еуробус од Струга, а кон местото на несреќата се упатиле министерот за здравство Венко Филипче, генералниот секретар на Владата Драги Рашковски и претставник од македонската амбасада во Белград.

Вкупно се повредени 32 лица, од кои 28 се вон животна опасност и се згрижени во општата болница во Лесковац. Од нив 4 се на хиругија, 1 на ортопедија.

Четворицата кои се потешко повредени се префрлени во Клиничкиот центар во Ниш. Според персоналот на болницата тие се вон животна опасност, но нивната ситуација константно се следи.

Од МНР известуваат на сите патници кои ќе бидат пуштени од болница ќе им биде обезбедено сместување.

Фото: Блиц/РАС Србија

Би можело да ве интересира

Распишани се изборите во Србија на 25 октомври

A1on

БиХ го повлекува персоналот од Амбасадата во Белград: Односите со Србија ги сведуваме на минимум

A1on

(ВИДЕО) Телото на Ратко Младиќ пречекано со воени почести, на погребот се очекуваат десетици илјади граѓани

A1on

Србија ја прегази Грција и стигна на чекор до финалето на Европското првенство

Марта Кос со порака до Србија за погребот на Ратко Младиќ: „Се надевам дека знаат што ризикуваат“

Поради кавга заради гласна музика, синот го претепа и го запали својот татко во креветот

А1он