Писателката Лидија Димковска гостинка на Лекторатот за македонски јазик во Будимпешта

Од:

Познатата македонска поетеса и писателка Лидија Димковска, добитничка на европската награда за литература, од 11 до 13 декември гостуваше на Лекторатот по македонски јазик при универзитетот ЕЛТЕ во Будимпешта.

На 12 декември на универзитетот се одржа промоција на романот „Резервен живот“ во превод на унгарски од Анамарија Цинеге-Панзова и издание на издавачката куќа Напкут, Будимпешта.

За романот говореше познатата унгарската писателка, Ноеми Киш, која рече дека има потреба од повеќе преводи од македонската литература на унгарски јазик, имајќи го предвид квалитетот на современата македонска литература.

Промоцијата предизвика голем интерес кај студентите и професорите, а присуствуваа унгарски писатели и претставници од Друштвото на Македонци во Унгарија.

На 13 декември студентите по македонски јазик подготвија поетски омаж во чест на Игор Исаковски со негова поезија посветена на Будимпешта во превод на унгарски јазик од страна на самите студенти, претставен пред студентите и професорите од Институтот за славистика и балтичка филологија.

Ова се дел од активностите за промоција на македонскиот јазик, литература и култура на Лекторатот по македонски јазик во Будимпешта кои ги организира лекторот Златко Панзов. Гостувањето на Лидија Димковска беше реализирано со поддршка на Амбасадата на Република Македонија во Будимпешта.

Годинава 14 студенти го изучуваат македонскиот јазик на Лекторатот по македонски јазик на Универзитетот ЕЛТЕ, Будимпешта.

Васко Маглешов

Би можело да ве интересира

На 8 октомври во Будимпешта ќе биде потпишан договорот за унгарскиот кредит

ВИДЕО: Се излеа Дунав во Унгарија, водата дојде до парламентот во Будимпешта

СДСМ: Унгарскиот кредит е политички мотивирана одлука на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ

A1on

Автомобил влета во пешаци во Будимпешта: Има повредени

Крвава сцена во Будимпешта, маж избодел тројца полицајци, едниот почина во болница

Горан Наумовски

Будимпешта: Криумчари на луѓе отворија оган кон унгарската полиција, која била во потера по нивното возило

А1он