Притвор за државјанинот на Венецуела, кој на скопскиот аеродром беше фатен со околу 2 килограми кокаин

Од:

Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје, постапувајќи по поднесена кривична пријава од Царинската управа, донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет на психотропни супстанции и прекурсори од чл.215 ст. 1 од Кривичниот законик.

Станува збор за државјанин на Венецуела, со потекло од Египет, кој допатувал во Македонија на 5 декември со лет на релација Цирих-Скопје. Царинските службеници на скопскиот аеродром, при извршен личен преглед и преглед на личниот багаж на ова лице, пронашле и одзеле наркотична дрога – кокаин во зипер вреќичка со нето маса од 332,6 грама скриена во рачките од куферот. Во исто време биле пронајдени и шест најлонски вреќички со вкупна нето маса од над 1,5 килограми кои биле сошиени во долната облека.

Ценејќи дека се исполнети законските основи, а особено дека постои опасност осомничениот да избега и да го повтори кривичното дело, надлежен јавен обвинител до судија на претходна постапка од Основниот суд Скопје 1 Скопје достави предлог на осомниченото лице да му биде определена мерка притвор.

Би можело да ве интересира

Поведена истрага за примање поткуп против инспекторка за храна

Предраг Петровиќ

Во сообраќајка на патот Битола – Прилеп загина 17годишна девојка

А1он

Почна постапката за избор на наследникот на Ислам Абази

Горан Наумовски

Во Милано е уапсен Албанец со 70 килограми кокаин

Мадуро бара судот во САД да ги отфрли обвиненијата: „Имам имунитет“

Тошковски за аферата „Мазут“: Се надевам ЈО ќе собере храброст и професионално ќе се посвети на сите детали